Техника ТЕМП - агенција за привремено вработување
Техника ПЕРМ, агенција за постојано вработување на англиски јазик Босна и Херцеговина - Техника ПЕРМ решавање на предизвиците за работодавците Република Македонија - Техника ПЕРМ слободни работни места
TEL.: +386 31 450 800   Tehnika temp Blogger   TehnikaPERM on LinkedIN   TehnikaPERM on Twitter   TehnikaPERM on Facebook   Tehnika TEMP na portalu YouTube   TehnikaTEMP on Facebook
Регрутирање и селекција Евалуација и оценување Тестирање вештини За нас
Регрутирање и селекција со тестирања на вештините
Тестирање вештини, Техника ТЕМП
Тестирањето на вештините се користи за рехабилитација и враќање на работа
 

ТЕСТИРАЊЕ ВЕШТИНИ

Тестирањето вештини се користи при рехабилитација и враќање на работа, за проценка на вештини, перцепција и моторна координација при избор и развој на кадри. Тестирањето вештини обично се користи во автомобилската и фармацевтската индустрија. ТехникаПЕРМ нуди четири различни тестови за вештини. Тестирањето Пердју со перфорирана табла се користи како помош во изборот на кандидати за работни места за кои се потребни деликатни и груби моторички вештини и координација. Ги мери движењата на дланките, прстите, рацете и способноста на врвовите на прстите, како што е потребно во однос на задачата. Тестирањето со перфорирана табла со жлебови ја мери брзината на извршување деликатни моторички задачи со испитување на двете страни на телото. Тестирањето вештини со рачни алатки се состои од алатки и два носача со завртки, подлошки и мутерчиња. О'Конор тестирањето вештини првенствено се користи како предиктивна алатка кога е важна брзата манипулација со предметите, особено подигнувањето и поставувањето мали делови.

 
Тестирање Пердју со перфорирана табла
 
Тестирање за проценка на вештините – Тестирање Пердју со перфорирана табла
Тестирањето Пердју со перфорирана табла е развиено од страна на д-р Џозеф Тифин, индустриски психолог на Универзитетот Пердју во 1948 година. Оттогаш, овој уред се користи како помош во изборот на вработените за работни места за коиу се потребни деликатни и груби моторички вештини и координација. Ги мери движењата на дланките, прстите, рацете и способноста на врвовите на прстите, како што е потребно во однос на задачата. Иако бил наменет за употреба во индустријата и за задачи во фабрички услови, денес се испитува за употреба во други специјални области, како кај пациенти со Паркинсонова болест, мултипла склероза, со претрпен инфаркт и слични болести. Физиотерапевтите и професионалните терапевти, исто така, го користат тестирањето Пердју со перфорирана табла за рехабилитација на пациенти со повреди, користејќи го тестот како алатка за добивање основни податоци за пациентот, за прогресирањето и/или за степенот на попреченост.
 
Тестирање со перфорирана табла со жлебови
 
Овоа тестирање за манипулативна умешност содржи 25 дупки со случајно позиционирани жлебови и клинови што имаат клуч на едната страна. Клиновите со клуч треба да се ротираат за да може да се вметнат во соодветниот жлеб. Оваа постапка ја мери брзината на извршување деликатна моторна задача со испитување на двете страни на телото, а може да се извлечат заклучоци во врска со можните странични оштетувања на мозокот. Тестот бара покомплетна визуелна-моторна координација отколку повеќето од нашите тестирања, а се користи во неколку невропсихолошки тестирања, во студентски лаборатории, а и како техника на скрининг во индустриска средина.
Тестирање за проценка на вештините – Тестирање со перфорирана табла со жлебови
 
Тестирањето вештини со рачни алатки
 
Тестирање за проценка на вештините - Тестирање вештини со рачни алатки
Ова тестирање ги мери вештините во користењето обични механички алатки. Тестот се состои од алати и два носачи со завртки, подлошки и мутерчиња. Целта е да се одвртат сите завртки од една исправена плоча и да се завртат во соодветните редови на друга исправена плоча, со главата на завртката на внатрешната страна на плочата. Овој вид вештини е важен за многу индустриски работни места и за занаетчиска обука. Резултатите од ова тестирање се користат за да се утврди стручниот интерес и како показател за успех каде што работата бара употреба на овие или слични алатки. Ова тестирање содржи прирачник за употреба, норми, клучот од 15/16 инчи, клуч од 1/2 инчи, клуч од 10 инчи, шрафцигер и сите потребни завртки, подлошки и мутерчиња.
 
О'Конор тестирање вештини
 
О'Конор тестирањето вештини се состои од рачно поставување на три клинови во една дупка. Се состои од 100 дупки со дијаметар од 3/16 инчи. Дупките се наредени во десет редови, со меѓусебно растојание од ½ инч. Првенствено се користи како предиктивна алатка кога е важна брзата манипулација со предметите, особено подигнувањето и поставувањето мали делови.
Тестирање за проценка на вештините – О`Конор тестирање вештини


Тестирање за проценка на вештините
Наши партнери – Техника ПЕРМ
Тестирањето вештини бара ракување со рацете
Техника ПЕРМ, веќе 15 години со Вас   Техника ПЕРМ и Бонитете
Техника Лтд - дел од Групацијата Индустриале Company Tehnika Ltd is a part of Industriale Group © 2016 Техника Лтд - дел од Групацијата Индустриале