Техника ТЕМП - агенција за привремено вработување
Техника ПЕРМ, агенција за постојано вработување на англиски јазик Босна и Херцеговина - Техника ПЕРМ решавање на предизвиците за работодавачите Република Македонија - Техника ПЕРМ слободни работни места
TEL.: +386 31 450 800   Tehnika temp Blogger   TehnikaPERM on LinkedIN   TehnikaPERM on Twitter   TehnikaPERM on Facebook   Tehnika TEMP na portalu YouTube   TehnikaTEMP on Facebook
Регрутирање и селекција Евалуација и оценување Тестирање вештини За нас
Регрутирање и селекција
Привлечете ги, идентификувајте ги и изберете ги најталентираните, Техника ТЕМП
Техника ТЕМП, регрутирање, селекција
 

ПРИВЛЕКУВАЊЕ, ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И ИЗБИРАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ КАНДИДАТИ

ТехникаПЕРМ е совршен партнер во јадранско-балканскиот регион во однос на услугите за регрутирање во автомобилската, фармацевтската и другите индустрии. Нашите регрутери во Словенија, Босна и Македонија работат врз основа на пристапот „совршен спој“, поврзувајќи ги совршените кандидати со совршените работодавачи. Поради нашите големите познавања од индустријата и регионот, регрутирањето за ПЕРМ или ТЕМП е прилагодено за секој клиент.

Инвестирањето во вистинските вработени е еден од најважните фактори за успехот на Вашата компанија, а нивното избирање е сосема друга приказна, па ајде ние да ја работиме нашата работа, а Вие Вашата. Ние ги проверуваме искуствата на кандидатите, стручноста, посебните вештини, карактерот, работните навики и нивните вредности. Кандидатите ги тестираме во однос на бараната позиција, за да лесно се вклопат во Вашата работна средина. Со текот на годините имаме развиено процеси за регрутирање за масовно селектирање и за тестирање на вештините на привремените работници на агенцијата и ги усогласивме процесите за регрутирање привремени кандидати, со употреба на сите тековни тестирања за оценување на потенцијалните кандидати.

 
Техника ПЕРМ локално регрутирање

Локално регрутирање

   
ТехникаПЕРМ е присутна во Словенија, Босна и Македонија, и целосно ги покриваме и управуваме со локалните пазари. Нашето долгорочно присуство ни има обезбедено детални познавања во однос на економската и политичката состојба на секоја од овие земји, достапноста на кандидати и просечната плата. Нашите канцеларии се наоѓаат во Љубљана - главниот град Словенија, Скопје – главниот град на Македонија и Бања Лука - Босна.
 
Техника ПЕРМ - прекугранично регрутирање Прекугранично регрутирање
   
ТехникаПЕРМ управува со целиот јадранско-балкански регион. Нашите регрутери управуваат со потенцијалните вработувања на кандидати од Хрватска, Србија и Бугарија, од некоја од канцелариите или од самата земја. Со оглед на тоа што понекогаш е тешко да се најдат стручни лица, постои големо прекугранично вработување, така што миграцијата заради вработување е нормална појава во овој регион.
 
Техника ПЕРМ - регрутирање за Европската унија Регрутирање за Европската унија
   
Поради добриот училишен систем и развиената индустрија во поранешна Југославија, кандидатите од јадранско-балканскиот регион се докажуваат како сигурни, квалификувани работници. Регионот нуди вредни физички работници, квалификувани и неквалификувани и широка палета експерти и образовани работници (инженери, архитекти, фармацевти, експерти во областа на тешката метална индустрија итн.). Сè уште постои прашањето со работните дозволи за ЕУ, што во 90% од случаите е решливо, особено, со оглед на тоа што постојано регрутираме стручни квалификувани работници, како заварувачи, инженери, возачи на камиони и слично од Србија, Македонија и Босна. Вработените во ТехникаПЕРМ работат заедно со клиентот, за да ги добијат соодветните работни дозволи за избраните кандидати.
 
Техника ПЕРМ - регрутирање професионалци Потрага по најдобрите кандидати
   
Потрагата по најдобрите кандидати е метод на вработување што се применува кога потребите за вработување на клиентите за определено работно место се исклучително специфични. Регрутерите на ТехникаПЕРМ се активно вклучени во процесот на директна потрага и директна покана на посакуваните кандидати, со исклучително деликатен пристап. Регрутерите на ТехникаПЕРМ имаат улога на посредник помеѓу клиентот и кандидатот, помагајќи им да склучат договор.
 
ТехникаПЕРМ може да регрутира различни профили:
 
Техника ПЕРМ може да регрутира директори Главни извршни позиции (генерални директори, извршни директори, финасиски директори и членови на одбори)   Техника ПЕРМ може да регрутира кандидати во маркетинг, сметководство... Професионалци без раководни одговорности (маркетинг експерти, сметководители, бренд менаџери)
Техника ПЕРМ може да ангажира различни профили
Техника ПЕРМ може да ангажира сениор менаџери Извршни, главни раководители (раководители на продажба, раководители за сметководство, раководители за односи со јавност)   TehnikaPERM can recruit assistants, secretaries ... Канцелариски работници (асистенти, секретари, работници во администрација)
Техника ПЕРМ може да ангажира различни профили
15.	Техника ПЕРМ може да ангажира сениор менаџери Пониски раководители (раководители на производство, локални раководители)   Техника ПЕРМ може да ангажира работници во производството Работници во фабрики и во производство.
Техника ПЕРМ може да ангажира различни профили
Техника ПЕРМ може да регрутира специјалисти Експерти во главните сектори (инженерство, ИТ, медицина)      
 

ТехникаПЕРМ ГАРАНТИРА

 

1.

Обезбедување брзи, дискретни и доверливи решенија за Вашите потреби за вработување, вклучувајќи тестирања на познавање на јазик, евалуација 360, психолошки тестирања и тестирања на вештини.

   
2. Дека ќе биде со Вас чекор по чекор за време на процесот на вработување, одржувајќи комуникација помеѓу кандидатот и Вас.
   
3. Широк избор потенцијални кандидати и селекција на трите најсоодветни кандидати за Вашите потреби, заедно со детален извештај за секој кандидат.
   
4. Детален извештај за поединечни кандидати, составен од биографијата и вештините на кандидатот, евалуација на избрано тестирање и препорака од регрутерот.
   
5. Голем избор физички квалификувани и неквалификувани работници и професионални работници со посебни квалификации од балканскиот регион.
Гаранција за регрутирање во рок од шест месеци (се однесува на регрутирање извршни, високи и пониски менаџери, професионалци и специјалисти).
 
ТехникаПЕРМ – Процес на регрутирање:
 
Техника ПЕРМ - анализа на барањата за работните места и спецификација на работните места Анализа на барањата за вработување и спецификациите на работните места   Техника ПЕРМ - интервјуа, тестирања, проценки Интервјуирање, тестирање, проценување
Техника ПЕРМ - процес на регрутирање
Техника ПЕРМ - пребарување потенцијални совпаѓања помеѓу индустрии Потрага по потенцијално совпаѓање во различните индустрии   Техника ПЕРМ - подготовка на извештаи за три избрани кандидати Подготовка на извештаи за три избрани кандидати
Техника ПЕРМ - процес на регрутирање
Техника ПЕРМ – дистрибуција на огласи за работа Објавување огласи за вработување (локални портали за вработување, интернет и социјални мрежи, по потреба огласување на радио и делење летоци)   Техника ПЕРМ – одлуки на клиенти Одлука на клиентот
Техника ПЕРМ - процес на регрутирање
Техника ПЕРМ - процес на претселекција Процес на претселекција   Техника ПЕРМ - финализација на процесот на регрутирање Финализација
 
29.	Техника ПЕРМ ги тестира кандидатите според нивната позиција
Техника PERM има доверба од следниве работодавачи
Привлечете ги, идентификувајте ги и одберете ги најталентираните
Техника PERM, веќе 15 години со Вас   Техника PERM и Бонитете
Техника Лтд - дел од Групацијата Индустриале Company Tehnika Ltd is a part of Industriale Group © 2016 Техника Лтд - дел од Групацијата Индустриале