Техника ТЕМП - агенција за привремено вработување
Техника ПЕРМ, агенција за постојано вработување на англиски јазик Босна и Херцеговина - Техника ПЕРМ решавање на предизвиците за работодавачите Република Македонија - Техника ПЕРМ слободни работни места
TEL.: +386 31 450 800   Tehnika temp Blogger   TehnikaPERM on LinkedIN   TehnikaPERM on Twitter   TehnikaPERM on Facebook   Tehnika TEMP na portalu YouTube   TehnikaTEMP on Facebook
Регрутирање и селекција Евалуација и оценување Тестирање вештини За нас
Техника ПЕРМ евалуација на потенцијалните кандидати
Евалуација и оценка на кандидати, Техника ТЕМП
Техника ПЕРМ - евалуација и проценка
 

ТЕХНИКАПЕРМ – ЕВАЛУАЦИЈА И ОЦЕНУВАЊЕ – ИДЕНТИФИКУВАЊЕ, ПРОЦЕНУВАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ КАНДИДАТИ

Евалуација и оценување

Клучната компонента на развојот на човечките ресурси е максимизирање на потенцијалот на вработениот преку нему прилагодена проценка на компетентноста, негово насочување во извршувањето на работата и евалуација на извршените задачи. ТехникаПЕРМ нуди широка палета решенија за проценка на постојните вработени и на кандидатите во процесот на регрутирање. ТехникаПЕРМ нуди психолошко тестирање, психометриски Томас тест или проценка, DISC тест за личните карактеристики на кандидатот и четири различни тестирања вештини за процена на моторната координација на кандидатите.

 
Психолошко тестирање

Методот на психолошко тестирање обезбедува непристрасен увид во карактеристиките и компетентноста на кандидатот за вработување. Тоа е алатка за да дознаете повеќе за структурата на личноста на кандидатот за одредена работна позиција.
 

Психолошкото тестирање дава увид во:

 
Техника ПЕРМ - психолошко тестирање Личните карактеристики на кандидатот
Техника ПЕРМ - Општи и специфични интелектуални способности Општите и специфичните интелектуални способности
Техника ПЕРМ - метод на психолошко тестирање Интересирања
Техника ПЕРМ - компетентност на кандидатите за вработување Улога во тимската работа
Техника ПЕРМ - психолошко тестирање на личноста Досегашни искуства во кариерата, мотиви и вредности
Техника ПЕРМ - психолошко тестирање Концентрација
Техника ПЕРМ - психолошко тестирање, лични спецификации Достигнувања.
 
Психолошките тестирања се дополнителна алатка за регрутирање за избор на најдобриот можен кандидат. Тестирањата може да се користат за која било работна позиција, иако во пракса, компаниите најчесто ги користат овие тестирања за процена на раководниот персонал. Денес, психолошкото тестирање се смета за стандардна активност во мултинационалните компании.

Соработуваме со врвни локални консултанти од областа на психологијата.


Томас тест

Психометриското тестирање или проценка ги мери психолошките карактеристики, како што се личните особини, стилот на однесување, когнитивните способности, мотивацијата итн. Зборот психометриски буквално значи психолошко мерење. Томас проценувањето мери широк спектар различни карактеристики. Дефиницијата за „психометриски“ ги комбинира зборот „психа“, што значи разум, и зборот „метар“, што значи мера. Затоа, психометриски тест или проценка е алатка која ги мери психолошките карактеристики на лицето. На пример, психометриските тестови и проценки можат да ги измерат карактеристиките како што се личните особини, когнитивните способности, стилот на однесување и друго. Постои разлика помеѓу психометриско тестирање и психометриска проценка. Главната разлика е во тоа што тестирањето ги мери максималните перформанси на кандидатите, користејќи задачи што имаат точни или погрешни одговори. За проценката обично се користи прашалник, во кој кандидатот треба да рангира во која мера се согласува со одредени изјави.

Примерите за психометриски тестирања вклучуваат тестови за когнитивни способности, тестови за способност, логички тестови и тестови за расудување. Примерите за психометриски проценки вклучуваат проценки на личноста, проценки на емоционалната интелигенција и проценки на однесувањето. Психометриските тестови и проценки имаат за цел да ги стават резултатите или одговорите на кандидатите во контекст, на пример, споредувајќи ги кандидатите со други луѓе (кандидати). Тестот или проценката што го споредуваат кандидатот со други луѓе се познати како тестирања со упатување на норма; какви се изведбата или одговорите на кандидатите во споредба со компаративна група луѓе (на пример, други кандидати). Самореференцирачкиот (ипсативен) тест или проценка ги споредува изведбата или одговорите на кандидатите со нивните лични шеми на изведба или одговори. Тестот или проценка што се фокусираат на специфичен сет вештини или знаења се нарекуваат тестови или проценки со упатување на домен. Пример за тоа би бил тест за возење, бидејќи кандидатот мора да постигне претходно утврдено ниво на изведба и знаење за да ги исполни поставените критериуми.

 
DISC тест

Овој сеопфатен тест за личноста помага во разбирањето на потенцијалните на кандидатот. Тестот е составен од 24 прашања и потребни се околу десет минути за да се заврши.
 

Извештајот за DISC проценката вклучува:

 
Персонализирана анализа на кандидатот Персонализирана анализа на природниот и усвоениот стил на кандидатот.
Работа со кандидатите во рамките на стиловите на DISC Темелен преглед на сите четири стилови на DISC и како кандидатот се однесува во овие стилови.
Подароци и прашања што може да ги има кандидатот Увид во најголемата корист за кандидатот и најголемиот проблем што кандидатот може да го има на идното работно место.
Техника ПЕРМ и предности на кандидатите Увид во стиловите што ги дополнуваат предностите на кандидатот.
Стратегии за поефикасна комуникација на кандидатите Стратегии за поефикасна комуникација на кандидатите.
Техника ПЕРМ анализа на одговор на кандидатите Анализа на реакција на кандидатот во стресни ситуации.
DISC тестирање - стил на комуникација на кандидатите Увид во тоа како другите гледаат на стилот на комуникација на кандидатот.
Зголемување на стапката на реализација во продажните повици на кандидатите Зголемување на продажната успешност на кандидатот.
DISC тестирање - лидерски вештини на кандидатите Разбирање на лидерските вештини на кандидатот.
Персонализирана анализа - DISC тест И многу повеќе.
 
Тестирање вештини

Тестирањето вештини е совршена алатка за масовно регрутирање фабрички работници, а се користи и за многу други работи (на пример, рехабилитација и враќање на работа, проценка на вештини, перцепција и моторна координација при избор и развој на кадри). Тестирањето вештини обично се користи во автомобилската и фармацевтската индустрија, но опфаќа и други области. ТехникаПЕРМ ги нуди следниве четири тестирања за вештини: (1) тестирање Пердју со перфорирана табла; (2) Тестирање со перфорирана табла со жлебови; (3) Тестирање вештини со рачни алатки и: (4) О'Конор тестирање вештини.

ТехникаПЕРМ ГАРАНТИРА

1.

Обезбедување оригинални, висококвалитетни алатки за проценка.

   
2. Доброквалификувани регрутери, обучени за употреба на алатките за проценка.
   
3. Професионален и дискретен пристап кон кандидатите и клиентите.
   
4. Детален извештај за поединечни кандидати, составен од биографијата и вештините на кандидатот, евалуација на избрано тестирање и препорака од регрутерот.
   
5. Гаранција за регрутирање во рок од шест месеци (се однесува на регрутирање извршни, високи и пониски менаџери, професионалци и специјалисти).
 
Техника ПЕРМ – Евалуација и оценување
 
Техника ПЕРМ Избор на алатки за оценување Избор на метод за проценка што е соодветна во согласност со барањата и спецификациите на работното место (психолошко тестирање, Томас тест, DISC тест и тестирање вештини).   Техника ПЕРМ Подготовка на извештаи Подготовка на извештаи
Техника ПЕРМ - Процес на проценка и евалуација
Техника ПЕРМ - Интервјуа, тестирање и евалуација на кандидати Интервјуирање, тестирање, проценување на кандидатите   Техника ПЕРМ – Појаснување на извештаите Објаснување на извештаите
Техника ПЕРМ - Процес на проценка и евалуација
ТехникаПЕРМ Интервјуа на кандидати Анализа на резултатите   Техника ПЕРМ - Процес на проценка и евалуација Финализација
 
Клучната компонента на човечките ресурси е максимизирање на потенцијалот на вработените
Техника ПЕРМ има доверба од следниве работодавачи
Техника ПЕРМ - евалуација и проценка
Техника ПЕРМ, веќе 15 години со Вас   Техника ПЕРМ и Бонитете
Техника Лтд - дел од Групацијата Индустриале Company Tehnika Ltd is a part of Industriale Group © 2016 Техника Лтд - дел од Групацијата Индустриале